Првиот домашен натпревар на Барселона во 2026 година требаше да биде симболично враќање кон успесите, но наместо фудбалската игра, во центарот на вниманието се најде вистински хаос предизвикан од невремето. Натпреварот против Реал Овиедо откри сериозни пропусти во новиот, сè уште недовршен „Камп Ноу“, кој буквално „протече“ на сите страни.
Новинарските ложи како базени, навивачите во бегство
Силниот дожд кој го зафати градот за време на второто полувреме предизвика паника на трибините. Новинарските позиции и медиумските објекти беа целосно поплавени, принудувајќи ги новинарите со мака да ја спасуваат својата скапа опрема, лаптопи и камери.
Así han acabado las posiciones de comentaristas tras la tormenta En el Camp Nou pic.twitter.com/mdjbZfxqRq
— Alfredo Martínez (@Alfremartinezz) January 25, 2026
Навивачите на незаштитените делови од трибините беа принудени предвреме да го напуштат стадионот, додека оние кои останаа, се криеја под јакни и чадори. Сцените од вода која се слева од покривот директно врз седиштата брзо станаа вирални на социјалните мрежи, предизвикувајќи бран критики за функционалноста на реновираниот објект.
☔️ PEUS MULLATS PER ACABAR EL PARTIT
— Què T’hi Jugues (@QueThiJugues) January 25, 2026
Petites riuades al Camp Nou degut a la pluja
📹 @santiovalle pic.twitter.com/ci3EOWniN3
Лапорта: „Знаевме дека ќе се натопиме“
Во несекојдневна сцена, претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, беше забележан во свечената ложа целосно натопен од дождот. Наместо да бара засолниште, тој реши да остане со навивачите, а по мечот даде искрена изјава:
„Знаевме дека ќе се натопиме оној ден кога ќе заврне, бидејќи покривот сè уште не е завршен. Сметав дека треба да наврнам исто како и сите останати. Стадионот е во изградба и сè што треба да се поправи во меѓувреме, ќе биде решено. Секој ден кога доаѓаме тука, гледаме напредок“, изјави Лапорта.
⛈️ ¡LA QUE ESTÁ CAYENDO EN EL CAMP NOU!
— Tiempo de Juego (@tjcope) January 25, 2026
🏟️ Así están las tribunas de prensa del estadio
🎥 @HelenaCondis pic.twitter.com/GdJctFzYyl
Стадион кој сè уште се „гради“
Иако стадионот беше отворен за околу 45.000 гледачи, овој инцидент е трезвен потсетник дека реконструкцијата на „Камп Ноу“ е далеку од комплетна. По осум последователни гостувања (вклучувајќи ги и натпреварите во Саудиска Арабија), навивачите очекуваа спектакл, но наместо тоа, добија тест за издржливост под отворено небо.
Само за потсетување, еве една наша статија за градбата на Камп Ноу.



