4.8 C
Skopje

(Видео) Потоп на Наполи во Ајндховен, Интер и Дортмунд сигурни во ЛШ!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Каква ноќ во Лигата на шампионите! По мирното попладне, вечерните натпревари ни донесоа вистински спектакл, “дожд” од голови, историски порази и доминација на фаворитите. Од Ајндховен до Копенхаген, мрежите не мируваа, а вечерта ја одбележаа дебаклот на Наполи, моќните изданија на Интер и Борусија Дортмунд, и еден натпревар кој, за жал, не ги оправда очекувањата.

Потоп во Ајндховен: ПСВ го “распарчи” Наполи на Конте (6:2)

Ова беше вечер која Антонио Конте ќе сака што побрзо да ја заборави. Неговиот Наполи доживеа историски дебакл на гостувањето кај ПСВ, губејќи со неверојатни 6:2. Ова е првпат во целата негова тренерска кариера, тим на Конте да прими шест гола на еден натпревар.

Иако Скот МекТоминеј со два гола се обиде да го одржи Наполи во игра, холандскиот тим беше незапирлив. Денис Ман со два гола, Исмаел Саибари, Рикардо Пепи, Кухаиб Дриуеш и еден автогол беа творците на големата победа. Нашиот Елиф Елмас влезе во игра во 84-тата минута, но не можеше да спречи ништо. “Овие работи не се случуваат случајно. 9 нови играчи се премногу. Ќе биде ова комплицирана година”, изјави очајниот Конте по натпреварот.

“Милионерите” го освоија Копенхаген (2:4)

Во уште еден ефикасен натпревар, Борусија Дортмунд славеше на гостувањето кај Копенхаген со 2:4. Херој на натпреварот беше Феликс Нмеча, кој со два прекрасни гола го најави триумфот. Во листата на стрелците се запишаа уште и Рами Бенсебаини од пенал и Фабио Силва. За домаќините, покрај автоголот на Антон, утешниот гол го постигна Виктор Дадасон во 90-тата минута.


Интер сигурен во Белгија (0:4)

Италијанскиот претставник Интер немаше никакви проблеми на гостувањето кај Унион Сент-Жилоа и славеше со убедливи 0:4. Гол-серијата ја отвори Дензел Дамфрис, а потоа погодија и Лаутаро Мартинез, Хакан Чалханоглу од пенал и младиот Франческо Пио Еспозито.

Досадно реми во Казахстан (0:0)

Единствениот натпревар без голови беше дуелот помеѓу Каират и Пафос. Иако гостите од Кипар останаа со играч помалку уште во 4-тата минута, Каират не успеа да ја искористи предноста и натпреварот заврши со најнепопуларниот резултат.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено