Македонскиот стратег Игор Ангеловски го претрпе својот прв пораз како селектор на репрезентацијата на Таџикистан. Во пријателскиот натпревар одигран на „Палмс Спортс Арена“ во Баку, домашниот Азербејџан славеше со минимални 1-0.
Натпреварот беше решен во 58-та минута, кога голманот на Таџикистан, Олег Баклов, лошо интервенираше и си постигна бизарен автогол кој ја затресе сопствената мрежа. Овој момент се покажа како клучен, бидејќи до крајот на средбата резултатот остана непроменет.
За Ангеловски, кој ја презеде азиската селекција на крајот на април оваа година, ова е прв неуспех по стартните две средби во јуни во кои забележа победа и реми против Индија. Во рамките на овој септемвриско-октомвриски ФИФА прозорец, Таџикистан го очекуваат уште два гостински предизвици, против Палестина на 28 септември и против Кина на 6 октомври.






