Легендарниот хрватски фудбалер Лука Модриќ вчера го постигна првиот погодок во дресот на новиот клуб од Милано, откако летово направи трансфер во Серија А, после долги години поминати во Реал Мадрид.
Голот на Модриќ во 61-та минута беше и единствен на натпреварот, па им ја донесе на Милан победата против Болоња од 1:0.
Инаку, со голот кој го постигна на 40 години и 5 дена, Хрватот стана најстариот голгетер во историјата на Серија А.
Погледнете го првенецот на Лука Модриќ во дресот на Милан!
Luka’s first masterpiece 🎩
Brought to you by @SN4IFUN pic.twitter.com/4uebUqpfaN
— AC Milan (@acmilan) September 15, 2025



