(Видео) Реал Мадрид доминантни на гостувањето кај Овиедо!

 

Објавено:

Бајката за враќањето на Овиедо во Ла Лига сепак не беше доволна за на домашен терен да го совладаат големиот Реал Мадрид за уште поспектакуларен старт на сезоната.

Кралевите успеаја да дојдат до голема победа, со конечен резултат од 0:3 на вечерашниот натпревар во Астурија. Херој на мечот беше Мбапе кој навистина блеска во “бело-златниот” дрес оваа сезона. Тој даде два гола, во 37-та и 83-та минута.

Интересно е што на мечот во стартниот тим се врати Родриго, а Винициус Јуниор влезе во 63-та минута, но и релативно краткото време на теренот беше доволно за да му асистира на Мбапе за вториот гол, а и самиот да постигне гол во третата минута од судиското надополнување.

Погледнете ги сите голови и најинтересните моменти од мечот:

Доколку сакате малку историја за двата клуба кои покажуваат дека фудбалот е повеќе од игра, треба да се вратите неколку години наназад. Имено, кога во 2012 година фудбалскиот клуб Овиедо се соочуваше со финансиски проблеми и закана од затворање, токму Реал Мадрид излегле во пресрет.

Третиот тим на Реал Мадрид ги донирал своите дресови на аукција, а собраните средства од 130 илјади евра ги донирале за спас на Овиедо. Иако приказната се случила пред повеќе од една декада, сепак фановите не го заборавиле ова добро дело, па играчите на Реал Мадрид денес во пресрет на натпреварот беа пречекани со топло добредојде од домашната публика.

Извор: https://x.com/RealOviedo
 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено