Вечерва во Лигата на шампионите Њукасл Јунајтед го пречека Атлетик Клуб од Билбао. Ова е беше судир на два клуба со страствени навивачи, но и приказна за едно од најголемите пријателства во модерниот фудбал.
Во пресрет на вечерашниот дуел, на социјалните мрежи повторно стана вирално видеото од нивната последна средба во 1994 година (Куп на УЕФА). Сцените се апсолутно неверојатни.
По завршувањето на реванш-натпреварот, илјадници навивачи на Атлетик Билбао влетуваат на теренот на стариот стадион „Сан Мамес“. Но, наместо инциденти, тие имаат само една цел: да стигнат до гостинскиот сектор и да им аплаудираат на „Џорди“ навивачите кои допатувале од Њукасл.
Before today’s Champions League clash between Athletic Club and Newcastle, remember the last time they met. Athletic fans invaded the pitch just to applaud the Newcastle supporters who had travelled to Bilbao
byu/kaiweed insoccer
Како се роди ова неверојатно пријателство?
Според легендата што кружи меѓу навивачите, сè започнало по првиот натпревар во Њукасл. Наводно, еден навивач на Билбао го пропуштил својот авион или воз за назад и останал заглавен во градот.

Локално „Џорди“ семејство го примило во својот дом, му дало храна и сместување. Приказната за ова гостопримство стигнала до Билбао, а навивачите на Атлетик одлучиле дека мора да возвратат со почит на целиот град на реваншот.
„Море“ од црвено-бели дресови во Њукасл
Оваа врска не е само историја. Коментарите од денес потврдуваат дека градот Њукасл бил „преплавен“ од навивачи на Атлетик кои пристигнале за вечерашниот натпревар.
Атмосферата е опишана како „првокласна“, а навивачите од двете страни пријателски се дружеле низ пабовите. Ова не е изненадување, Њукасл е познат по тоа што (со исклучок на Сандерленд) нема одвоени пабови за гостински навивачи, а во радиус од еден километар од стадионот има дури 174 пабови.
Ова пријателство е толку силно што на „Сент Џејмс Парк“ со години стои и посебно „Знаме на пријателството“ меѓу Њукасл и Атлетик Клуб.
Вечерва резултатот на Сент Џејмс Парк беше во втор план, а ова е потсетување на фудбалот во неговата најчиста форма.



