(Видео) Роналдо и на “стари години” ги собира наградите за играч на колото!

Објавено:

Кристијано Роналдо не престанува да изненадува со неговата фудбалска подготвеност дури и на 40 години, а кога станува збор за играта за својата репрезентација повеќе од јасно е дека го дава максимумот од себе.

Така беше и во мечот против Унгарија, каде капитенот на Португалците постигна два погодоци, но поради голот во последните секунди на Собослаи за израмнување на 2-2, тој не успеа да ја однесе својата репрезентација порано од сите други на Мундијалот во Канада, САД и Мексико. Таа чест им припадна на Англичаните, додека Португалците ќе мора да почекаат до финалната фаза во ноември.

Сепак, трудот на Роналдо беше препознаен од УЕФА, па тој беше прогласен за играч на колото во европските квалификации за Светското првенство.

Со двата погодоци тој стигна до импресивната бројка од 40 погодоци во квалификациите, со што постигна нов рекорд за најмногу погодоци во истите.

Доколку претходно ги испуштивте, погледнете ги двата погодоци на Роналдо.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено