(Видео) Шампионскиот менталитет на Алкараз на дело!

 

Објавено:

Младиот Шпанец Карлос Алкараз ќе се соочи со својот најголем ривал во моментов, Италијанецот Јаник Синер, во уште едно финале оваа сезона, овој пат на турнирот во Синсинати.

Претходно Алкараз во полуфиналето го совлада Зверев, но тој не застана само на победата.

Имено, како што објави “Tennis TV” каналот, Карлос Алкараз во 20:20 часот го заврши натпреварот во кој го победи Зверев, а веќе во 21:12 часот се врати на терените за да го вежба својот сервис пред финалето со Синер.

На претходниот нивни дуел, кога се сретнаа во финалето на Вимблдон, Синер излезе како победник, па очигледно Алкараз е решен овој пат да даде сè од себе тоа да не се повтори и на тврдата подлога во Синсинати.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено