Додека резултатите на теренот доаѓаат и си одат, постојат моменти кои нè потсетуваат зошто овој спорт е толку посебен. Сандерленд ја негува веројатно најемотивната традиција во Англија – на првиот натпревар во новата година, „Стадионот на светлината“ станува место за сеќавање.
Според долгогодишната традиција, фановите на Сандерленд на трибините ги носат фотографиите на своите најмили, пријатели, членови на семејството и соборци од трибините, кои ги напуштиле во текот на изминатата 2025 година.
„Никогаш далеку од нашите срца“, порачаа од клубот.
Овој чин е потсетник дека во светот на професионалниот спорт, каде доминираат парите и трансферите, лојалноста и заедницата се оние вредности кои му даваат душа на фудбалот.
Wearside comes together to remember those we lost in 2025.
— Sunderland AFC (@SunderlandAFC) January 2, 2026
Never far from our hearts ♥️ pic.twitter.com/t90HyrvedU



