Бранителот на титулата, репрезентацијата на Сенегал, обезбеди пласман во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации (АФКОН 2025) во Мароко, откако со пресврт славеше против жилавиот Судан со 3:1.
Натпреварот во Тангер понуди вистинска драма на почетокот, херојска партија на Папе Геје, но и историски момент за капитенот Садио Мане, кој стана најдобриот асистент во историјата на ова натпреварување.
Ладен туш, па шампионски одговор
Натпреварот започна шокантно за фаворитот. Веќе во 6-тата минута, Амир Абдалах го начна Сенегал со прекрасен удар со левата нога, носејќи неочекувана предност за Судан (0:1).
Сепак, „Лавовите од Теранга“ не паничеа. Ја презедоа контролата, а иницијативата вроди со плод во 29-тата минута. Садио Мане украде топка и го проигра Папе Геје, кој прецизно биеше за 1:1. Пред самиот крај на полувремето (45+3′), Николас Џексон одлично асистираше, а Геје со својот втор гол направи целосен пресврт.
Садио Мане испиша историја!
Иако не постигна гол, Садио Мане беше архитектот на победата. Со двете асистенции на овој меч (за првиот и третиот гол), тој стигна до бројката од 9 асистенции во историјата на АФКОН.
Со ова, тој го надмина легендарниот Јаја Туре (Брег на Слонова Коска) и се осамени на врвот на вечната листа на асистенти.
Точка на натпреварот стави резервистот Ибрахима Мбаје во 77-мата минута, на уште едно додавање на Мане, за конечни 3:1.Едуард Менди исто така имаше клучна улога со фантастична одбрана на почетокот на вториот дел, спречувајќи израмнување на Судан.„Среќен сум за наградата играч на натпреварот, но ова е тимска победа. Тешко е да се вратиш по 0-1, но покажавме карактер“, изјави двојниот стрелец Папе Геје.



