Второто коло во италијанската Серија А започна со вистински фудбалски спектакл, со натпревари полни со голови, драма и неочекувани пресврти. Од неверојатниот трилер во Кремона, до рутинските победи на Милан и Рома, и драмата на Наполи во последните секунди – ова беше само загревање за она што нè очекува.
Во продолжение, погледнете краток преглед и најдобрите моменти од сите досега одиграни натпревари.
Кремонезе – Сасуоло 3:2 | Трилер со пет гола и победа во 93-та минута!
Најлудиот натпревар досега се одигра во Кремона. Домаќините водеа со 2:0, но Сасуоло успеа да се врати и да израмни на 2:2. И токму кога сите мислеа дека натпреварот ќе заврши нерешено, Кремонезе доби пенал во 93-тата минута, кој Мануел Де Лука го претвори во голема победа.
Лече – Милан 0:2 | Модриќ диригира, Пулишиќ и Лофтус-Чик стрелаат
Милан рутински стигна до победа на гостувањето кај Лече. Рубен Лофтус-Чик, по асистенција на Лука Модриќ, го отвори резултатот, за на крајот Кристијан Пулишиќ да стави печат на победата.
Болоња – Комо 1:0 | Мајсторијата на Орсолини доволна за победа
Болоња ја забележа првата победа оваа сезона, совладувајќи го повратникот во лигата, Комо, со минимални 1:0. Човек на одлука беше Рикардо Орсолини, кој со прекрасен гол во 59-тата минута ги обезбеди трите бода за својот тим.
Парма – Аталанта 1:1 | Кутроне го спаси Паоло Канаваро од пораз во финишот
Жестока битка се водеше и во Парма, каде што домашниот тим и Аталанта ги поделија бодовите. Гостите од Бергамо поведоа со голот на Марио Пашалиќ, но Патрик Кутроне со гол во 85-тата минута ги постави конечните 1:1.
Наполи – Каљари 1:0 | Ангиса во 95-та минута го спаси Конте од нов кикс!
Наполи се спаси во последен момент! Тимот на Антонио Конте се мачеше цели 90 минути, но кога сите очекуваа крај, Френк Ангиса со гол во 95-тата минута донесе огромна победа.
Пиза – Рома 0:1 | Соуле ја продолжи победничката серија на “волчицата”
Рома стигна до втората победа во новата сезона, совладувајќи ја Пиза на гостински терен со 1:0. Единствениот гол на натпреварот беше дело на Матијас Соуле во 55-тата минута.
Што нè очекува во продолжението?
Вистинските возбудувања допрва следуваат! Во недела на програмата се уште четири натпревари, вклучително и дерби пресметките помеѓу Интер и Удинезе и Лацио и Верона.