12.8 C
Skopje

(Видео) Серија А: Мањан херој на „Сан Сиро“, Интер со победа во последен миг

Објавено:

Милан ја издржа бурата: Мањан јунак, Дибала трагичар во дербито!

Голема победа за Милан на „Сан Сиро“. Минимални 1-0 против Рома во дербито на колото, но со огромно значење за битката на врвот.

Страхиња Павловиќ го постигна единствениот погодок на мечот во првото полувреме, по брз продор на Рафаел Леао и асистенција низ срцето на одбраната. „Росонерите“ потоа се бранеа со дисциплина и трпение, а драмата кулминираше во последните десет минути.

Рома доби пенал по ударот на слободен што ја погоди раката на Фофана во живиот ѕид. Пауло Дибала ја презеде одговорноста и за првпат во својата кариера во Серија А промаши пенал (по 19 успешни изведби). Голманот Мајк Мањан одбрани со совршена интуиција, запечатувајќи ги трите бода за Милан.

„Играм таму каде што треба – напаѓач, крилo, плејмејкер… важно е тимот да победува,“ изјави Леао за DAZN, задоволен од важните три поени што го враќаат Милан во трката за врвот.

Со овој резултат, ситуацијата во Серија А е пожешка од кога било, а четири тима се двојат со гол разлика.

Интер победи во последен миг: Хаос во Верона!

Интер Милано повторно пронајде начин да победи! На гостувањето кај Верона, „нероаѕурите“ славеа со 1-2 благодарение на автогол во судиското продолжение.

Тимот на Кристијан Киву доминираше од првиот до последниот свиреж, отворајќи го резултатот преку Пјотр Зиелински по изведен корнер. Верона возврати со брза контра и израмнување на младиот Бразилец Џиовани.

Интер имаше десетици шанси, но голманот Монтипо беше одличен сè до последните секунди, кога центаршутот на Барела заврши несреќно во мрежата на домаќините по интервенција на Мартин Фрезе. Со оваа победа, Интер скокна на второто место на табелата.

Нов удар за Фиорентина: Криза без крај

Катастрофа за „Виолетовите“. Фиорентина загуби дома од Лече со 0-1 и остана без победа по 10 кола, што го става тренерот Стефано Пиоли на тенок мраз.

Медон Бериша беше херој за гостите, кои ја искористија грешката на Ндур за единствениот гол. Вар ја поништи можноста за пенал за Фиорентина во вториот дел, а со оваа нова бламажа тимот од Фиренца падна на претпоследното место на табелата.

Фиорентина неодамна го отпушти спортскиот директор Даниеле Праде, и според италијанските медиуми, следен би можел да биде токму Пиоли.

Торино и Пиза во спектакуларно реми

Торино со неверојатен пресверт, успеа од 0-2 стигна до 2-2 против Пиза, во меч полн со енергија и драма. Херој за гостите беше Стефано Морео со два гола, но неговата вечер ја расипаа Џовани Симеоне и Че Адамс кои донесоа бод за „гранатите“.

Пиза останува без победа и по десет кола, додека Торино продолжува со серијата без пораз. Тренерот Барони беше исклучен по бурни реакции, а домашната публика сепак го испрати тимот со аплауз за борбата.

Парма шокираше, но Болоња го сврте дербито

Мечот меѓу Парма и Болоња започна со шок. Адријан Бернабе погоди уште по 12 секунди, но тоа беше сè од домаќините.

Болоња ја презеде контролата, а двата гола на Сантијаго Кастро и прецизниот удар на Миранда во 91-та минута донесоа целосен пресврт и нови три бода за гостите.

Парма заврши со црвен картон и две повреди, а Болоња ја продолжува својата серија без пораз.

Само еден бод ги дели првите четири! Наполи останува на врвот, но конкуренцијата е немилосрдна – Интер, Милан и Рома дишат во вратот на „партенопеите“. Сезоната ветува трка до последното коло.

Standings provided by Sofascore

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено