(Видео) Серија А: Милан „прокоцка“ 2-0 во Парма, Јуве „заглави“ во дербито!

Објавено:

Саботното попладне во Серија А донесе две „нула“ (0-0) и еден неверојатен „трилер“ во Парма, каде Милан испушти готова победа.

„Дерби дела Моле“ меѓу Јувентус и Торино ги разочара фановите, додека Комо и Каљари, како и Лече и Верона, ги поделија бодовите во мечеви без голови.

(Видео) Парма 2-2 Милан

Каква драма на „Тардини“! Милан прокоцка чиста победа откако имаше водство од 0-2. „Росонерите“ изгледаа премногу моќно кога поведоа со головите на Алексис Салемакерс (12’) и Рафаел Леао од пенал (25’).

Но, Парма не се предаде. Адријан Бернабе со апсолутна „магија“ и проектил во горниот агол намали на 1-2 во судиското продолжение од првиот дел. Во второто полувреме, Парма беше подобар тим и заслужено израмни преку дефанзивецот Енрико Делпрато (62’).

Во финишот се редеа шанси на двете страни – Кристијан Пулишиќ промаши чист зицер за Милан, додека на спротивната страна Мајк Мањан со херојска одбрана спаси победа за Парма.

(Видео) Јувентус 0-0 Торино

„Дерби дела Моле“ заврши без победник и без голови. Во тврд натпревар со малку шанси, голманите беа херои. Алберто Палеари од Торино имаше неколку клучни одбрани, додека Микеле Ди Грегорио од Јувентус беше спектакуларен при една одбрана на ударот на Че Адамс.

Јувентус на Лучијано Спалети продолжува со променливите игри и ова е второ реми по ред за „Старата дама“ (по 1-1 со Спортинг во ЛШ).

Резултати без голови на другите терени
  • Комо 0-0 Каљари: Натпревар полн со тензија, но без голови. Алваро Мората (Комо) влезе во конфликт со Јери Мина и луто бараше да биде заменет. На Комо му беше поништен и автогол по ВАР-интервенција, а голманот на Каљари, Елија Каприле, беше херој на мечот.
  • Лече 0-0 Верона: Битка за опстанок која не донесе победник. Двата тима освоија по бод кој малку им значи. Верона останува без победа оваа сезона во Серија А.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено