(Видео) Сити му дише во врат на Арсенал, Милнер испиша историја во „грдата“ победа на Вила

 

Објавено:

Трката за титулата во Англија станува пеколна. Манчестер Сити ја искористи својата шанса и со убедливи 3-0 против Фулам ја намали разликата во однос на лидерот Арсенал на само три бода. Тимот на Пеп Гвардиола го реши прашањето на победникот за само 15 минути во првото полувреме.

Антоан Семењо уште еднаш потврди дека е „џекпот“ за Сити со својот петти гол на осум меча, а младиот Нико О’Рајли и незапирливиот Ерлинг Халанд само ја запечатија судбината на гостите. Гвардиола дури можеше да си дозволи луксуз да го повлече Халанд на паузата, додека Сити ја продолжи својата неверојатна серија без пораз во мечеви што се играат среде недела, која трае уште од 2010 година.

Милнер како легендарниот Герет Бери

Во Бирмингем, Астон Вила дојде до три бода против Брајтон (1-0) на меч кој ќе остане запаметен по историскиот успех на Џејмс Милнер. Искусниот 40-годишен ветеран го забележа својот 653. настап во Премиер лигата, со што се израмни со рекордот на Герет Бери.

Иако Вила не блескаше и Брајтон беше подобар противник, автоголот на Хиншелвуд во 86. минута им донесе „златни“ бодови на домаќините во борбата за Лигата на шампионите.

Лудило на „Селхерст Парк“: Барнли се врати од мртвите!

Кристал Палас 2-3 Барнли Најголемото изненадување го приреди Барнли, кој ја прекина серијата од 17 меча без победа. Изгледаше дека Палас ќе ги прегази по двата гола на Јорген Странд Ларсен, но тимот на Скот Паркер направи нешто нестварно – постигна три гола за само седум минути пред крајот на првото полувреме. Мејбри, Ентони и автоголот на Лерма донесоа огромен триумф за надеж во борбата за опстанок.

Фрустрација на „Сити Граунд“: Форест доминираше, Волвс преживеа

Нотингем Форест 0-0 Волвс Шон Дајч и неговиот Нотингем Форест веројатно уште не веруваат како не ги освоија трите бода. Домаќините упатија дури 16 удари кон голот само во првиот дел, но Лоренцо Лука и Игор Жесус промашија неколку „зицери“. Навивачите ги испратија играчите со свирежи, додека „волците“ остануваат заковани за дното, но со бод кој малку им ја подигна самодовербата.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено