(Видео) Солзи, песна и фудбалска вечност: Емотивното збогување на Лионел Меси

 

Објавено:

Тоа беше крај каков што доликува на еден фудбалски бог. Светското првенство во 2026 година доби нов шампион во Шпанија, но на крајот сите очи на „Гаучосите“ на стадионот во Њу Џерси беа вперени во еден човек – Лионел Меси.

Иако не успеа да ја одбрани светската круна, 39-годишниот волшебник си заминува во историјата како играч кој засекогаш го промени фудбалот. Сцените на крајот на мечот ја доловија токму таа магија – моментот кога Меси со солзи во очите се простува од најголемата фудбалска сцена.

На трибините ечеше песна, навивачите со солзи го извикуваа неговото име, а тој, како и секогаш, остана тивок и достоинствен во својата големина. За Лионел Андреас Меси може многу да се пишува и ќе се пишува. Но, вечерва е моментот кога треба сите фудбалски фанови да му кажат едно големо благодарам за сè што му даде на фудбалот во овие две децении.

Погледнете го емотивното видео од прошталниот момент на Меси, кое веќе ги обиколи социјалните мрежи и расплака милиони фанови ширум светот.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено