Познатите венецијански канали во саботата се претворија во пловечки амфитеатар обоен во зелена, црна и портокалова боја. Фудбалскиот клуб Венеција на уникатен начин, со традиционална парада на гондоли, ја прослави титулата во Серија Б и експресното враќање во најсилната италијанска конкуренција по само една сезона помината во понизок ранг.
Промоцијата беше осигурана уште на почетокот на месецот по ремито со Специја, но „печатот“ на шампионскиот пехар беше ставен во петокот, со победата од 2-0 над Палермо на домашен терен. Тоа беше сигнал за почеток на една од најживописните фудбалски прослави во светот, каде наместо со отворен автобус, играчите и стручниот штаб парадираа низ вода.
🚨 Venice’s football team has just been promoted to Italy’s top soccer league ⚽️
— Mambo Italiano (@mamboitaliano__) May 10, 2026
The celebrations are absolutely insane
Only in Italy 🇮🇹! pic.twitter.com/e9FUkMdtcQ
🇮🇹✨ This is how Venezia celebrated promotion to Serie A. 😎🌊 pic.twitter.com/1SUkQPBooB
— EuroFoot (@eurofootcom) May 10, 2026
Факли, гондоли и еуфорија до плоштадот Свети Марко
Фудбалерите патуваа на главната гондола, опкружени со илјадници навивачи во приватни чамци и бродови, кои со знамиња и факели направија сценографија за паметење пред црквата „Сан Симеон Пиколо“. Речиси беше невозможно да се види водата од масовноста на пловилата, додека жителите на Венеција ги поздравуваа своите херои од балконите на историските палати.
Кулминацијата на прославата се случи на плоштадот „Свети Марко“, каде екипата го претстави трофејот пред преполниот простор пред Дуждовата палата. Венеција ја заврши сезоната со бод предност пред Фросиноне, кој исто така обезбеди директен пласман во Серија А. Оваа промоција е доказ за моќниот проект на клубот, кој успешно го преброди испаѓањето и се врати таму каде што припаѓа – во италијанската елита.



