Иако трката во Спа, Белгија беше закажана во 15:00 часот, стартот е одложен поради интензивниот дожд на неопределено време.
И додека сите го чекаме стартот на легендарната патека, да ја погледнеме споредбата на квалификациските кругови на двата Мекларен болиди кои треба да стартуваат од првите две позиции.
Пол-позицијата вчера ја освои Британецот Ландо Норис, а веднаш зад него е неговиот тимски колега, Австралијанецот Оскар Пијастри, кој воедно е и лидер на табелата за освојување на шампионатот на возачи.
Погледнете ја споредбата на нивните кругови, на одличната анимација од “Formula Addict”.
Belgian Grand Prix Qualifying lap time comparison between Lando Norris and Oscar Piastri pic.twitter.com/Qm4RYM2LVu
— FORMULA ADDICT (@Formuladdict) July 26, 2025



