Фудбалските навивачи кои со децении ги следат натпреварите во Англија тврдат дека виделе сè, но она што се случи пред почетокот на мечот меѓу Челси и Њукасл ги остави сите во неверување. Главниот судија Пол Тирни, наместо на својата вообичаена позиција, заврши во центарот на преднатпреварувачкиот „состанок“ (или како и да го наречеме тоа…) на играчите на Челси.
Палмер го „гушна“ судијата
Новиот ритуал на Челси, воведен од тренерот Лиам Росениор за зајакнување на тимскиот дух, подразбира сите играчи да се соберат во круг на центарот пред секое полувреме. Сепак, овојпат тие несвесно го „затворија“ судијата Тирни во својот круг.
Сцената беше комична: Кол Палмер со насмевка го прегрна судијата и го гледаше зачудено, додека Енцо Фернандез и Тревор Чалоба едвај ја задржуваа смеата. Поранешниот судија Дарен Кан изјави дека во неговите 50 години во фудбалот, никогаш не видел вакво нешто.
Chelsea's pregame team huddle today had a special guest—the referee. 😂 pic.twitter.com/9fIcdCJEzx
— NBC Sports Soccer (@NBCSportsSoccer) March 14, 2026
„Тирни едноставно стоеше во средината. Веројатно ги слушна сите тактички замисли и пораки на капитенот Рис Џејмс. Кол Палмер го гледаше како да сака да го праша: ’Пријателе, ти за нас играш денес?‘“, коментираше Фара Вилијамс за Би-би-си.
Зошто судијата беше таму?
Иако моментот изгледаше како грешка, постои објаснување. Бидејќи Њукасл го имаше првиот удар, судијата мораше да биде на центарот за да ја контролира топката и да спречи евентуални тензии меѓу играчите. Челси, следејќи го својот нов протокол, едноставно го „опколи“ без многу размислување.
Овој ритуал на Челси претходно ги нервираше навивачите на Астон Вила, но Росениор тврди дека нема намера никого да провоцира.
„Ова е одлука на лидерите во тимот. Сакаме да покажеме заедништво пред да почне борбата на теренот“, објасни Розениор.
Изгледа дека Пол Тирни, макар на една минута, беше дел од тоа заедништво.



