(Видео) Тер Штеген се обрати пред навивачите пред натпреварот на Барса

 

Објавено:

Пред вчерашниот натпревар на Барселона против екипата на Комо, на традиционалниот Гампер турнир, пред навивачите се обрати и капитенот Марк-Андре Тер Штеген кој во изминатиов период предизвика вистински контраверзии.

Тој најпрвин се заблагодари на навивачите кои дојдоа повторно во толкав број на Криф стадионот, иако клубот очекуваше и најавуваше дека овој натпревар ќе се одигра на новиот Камп Ноу.

“Лично за мене, мислам дека беше важно денес да се обратам пред јавноста после сите гласини за односот меѓу мене и клубот. И сега е моментот да одиме напред”, изјави Тер Штеген.

Несогласувањата започнаа кога голманот одби да ги потпише медицинските извештаи, а многумина го протолкуваа тој потег како обид да се спречи регистрацијата на новите играчи, меѓу кои и новиот голман Жоан Гарсија. Но, во обраќањето пред навивачите, Германецот им посака добредојде на новите соиграчи, ставајќи до знаење дека нема проблем со нивното доаѓање.

“Сите едвај го чекаме стартот на новата сезона која ќе ни донесе многу предизвици и ќе биде многу голем предизвик. Работевме напорно за да бидеме успешни. Сакам да ја дадам мојата поддршка и да им посакам добредојде на новите играчи. Со нив ќе имаме посилен тим. Виска Барса и Виска Каталуња!”, изјави играчот кому после сите контраверзии му беше вратена капитенската лента.

Погледнете го целиот говор.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено