(Видео) Тинејџерот Греј го „спаси“ Тотенхем, Калверт-Луин со историска серија за Лидс!

Објавено:

Арчи Греј со првенец донесе мир за Томас Франк

Тотенхем успеа да ги залечи раните по двата последователни порази, славејќи минимална, но исклучително важна победа од 1-0 на гостувањето кај Кристал Палас. Човек на одлука беше 19-годишниот Арчи Греј, кој го постигна својот прв сениорски гол во кариерата.

Младиот Греј се најде на вистинското место по еден корнер во 42-рата минута, казнувајќи ја лошата реакција на одбраната на Палас. Иако „спарси“ имаа два поништени гола на Ришарлисон поради офсајд и ја погодија стативата преку Одобер, голот на тинејџерот беше доволен за три бода. Тимот на Томас Франк покажа карактер и цврстина во финишот, додека Палас го запиша третиот пораз по ред во исцрпувачкиот декемвриски распоред.

Историски Калверт-Луин: Шести меч по ред со гол за реми на Лидс

На „Стадионот на светлината“, Сандерленд и Лидс Јунајтед ги поделија бодовите во ремито 1-1, натпревар кој ќе остане запишан во историските книги на гостите од Јоркшир.

Доминик Калверт-Луин ја продолжи својата неверојатна форма и погоди на шести последователен натпревар во Премиер лигата. Со овој подвиг, тој стана првиот играч на Лидс по цели 65 години (од времето на Џон Меккол во 1959/60) кој успеал да направи ваква серија во елитното друштво.

Сандерленд поведе во 28-мата минута со прекрасниот гол на Симон Адингра, по асистенција на Гранит Џака. Сепак, Лидс одговори веднаш на стартот на вториот дел (47. минута). Калверт-Луин ја заврши феноменалната тимска акција во која сите 11 играчи на Лидс ја допреа топката пред таа да заврши во мрежата. До крајот, Лидс доминираше, но не успеа да го скрши домашниот бедем на Сандерленд.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено