(Видео) TrollStation: Не го лути Тијагињо! Голманот на Парагвај доби „Паненка“ и лекција за цел живот

Објавено:

Никогаш, ама баш никогаш не провоцирај Бразилец чие име завршува на „-ињо“. Тоа е непишано фудбалско правило кое голманот на Парагвај го научи на потешкиот начин.

На Светското првенство за играчи до 17 години во Катар, во натпреварот од 1/16 финалето помеѓу Бразил и Парагвај, гледавме пенал-серија.

Голманот на Парагвај реши да го глуми Емилијано Мартинез, скокаше, му зборуваше на изведувачот, мавташе со рацете.

А од другата страна? Тијагињо. Детето не само што не се исплаши, туку камерите го уловија како се воздржува да не прсне од смеење на циркузот на голманот. Му се гледаше во очите дека во главата си вика: „Сериозен си? Е сега ќе видиш…“

Што следеше? Најладната, најспората и најпонижувачката „Паненка“ што сте ја виделе! Голманот летна по цигари во едниот агол, а топката едвај стигна до мрежата по средината.

Thiaguinho scores a panenka penalty vs Paraguay’s goalkeeper after the latter kept taunting him
byu/DavidRolands insoccer


Најдобриот дел? Тијагињо дури и не се израдува. Само се сврте и си замина, оставајќи го голманот да ја вади топката од мрежата и да си го собира достоинството од тревата.

Како што напиша еден фан на социјалните мрежи: „Ова не е Тијагињо, ова е Coldinho!“ 🥶.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено