(Видео) УЕФА го најави ЕУРО 2026 со „рабоната“ на Хрватот Хорват, магија што не се заборава!

Објавено:

Одбројувањето до УЕФА Футсал ЕУРО 2026 е при крај. За нешто помалку од две недели (почеток 21 јануари), најдобрите мајстори на „петопарката“ ќе ги окупираат салите во Летонија, Литванија и Словенија.

Како најава за спектаклот, УЕФА на својот официјален Инстаграм профил потсети на еден од најубавите голови во историјата на натпреварувањето. Станува збор за ремек-делото на хрватскиот репрезентативец Матеј Хорват од претходното првенство во 2022 година.

„Joga Bonito“ на хрватски начин

Потегот на Хорват е чиста уметност. Дриблинг, брзина и завршница со рабона која ги остави противничкиот голман и дефанзивците во неверување. Коментарите под видеата од ремек делото: „Новиот Фалкао?“, „Еден од најдобрите голови некогаш“, „Два метри висок, а таква координација!“.

Хрватска, предводена од Хорват, ќе настапува во Групата А во Рига, заедно со домаќинот Летонија, Грузија и Франција. Дали ќе видиме нова магија и оваа година?

Погледнете го голот од сите агли:


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено