Дами и господа, официјално е! Вчерашниот ден, 11 октомври, беше прогласен за Меѓународен ден на промашени пенали. Во еден од најбизарните денови во поновата фудбалска историја, најголемите голгетери на денешницата како да се натпреваруваа кој ќе промаши на поспектакуларен начин.
Од Португалија до Норвешка, од Шпанија до Италија: мрежите мируваа, а голманите славеа.
“Елитата” што не разочара
Листата на “херои” е импресивна:
- Кристијано Роналдо: Промаши пенал!
- Ерлинг Халанд: Промаши пенал!
- Феран Торес: Промаши пенал!
- Матео Ретеги: Промаши пенал!
Се чини дека имаше некој вирус во воздухот, некоја чудна енергија која ги направи головите помали, а голманите поголеми.
Посебна чест за рекордерот, Кристијано Роналдо
Секако, еден ваков историски ден не можеше да помине без човекот кој ги држи сите можни рекорди кога се во прашање пеналите. Кристијано Роналдо е:
- Играч со најмногу изведени пенали во историјата.
- Играч со најмногу постигнати голови од пенал во историјата.
- И да, играч со најмногу промашени пенали во историјата.
Едноставно, човекот е “GOAT” на пеналите, во секоја смисла на зборот. На крајот, можеме само да им се заблагодариме на овие момци што нè потсетија дека и тие се само луѓе.