11.8 C
Skopje

(Видео) Во Англија се раѓа нов “Лестер”: Сандерленд го “тресна” Челси среде Лондон, Бруно го спаси Њукасл во 90-та!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Какво попладне во Премиер лигата! Фудбалска Англија е во шок, бидејќи имаме нов второпласиран тим на табелата, а неговото име не е ниту Арсенал, ниту Ливерпул, туку – Сандерленд! Новајлијата во лигата ја продолжи својата сезона од соништата, овојпат со сензационална победа од 1:2 на гостувањето кај Челси на “Стемфорд Бриџ”.

Во вториот драматичен натпревар, Њукасл успеа да се извлече од канџите на Фулам и со гол во 90-тата минута стигна до клучна победа од 2:1.

Сензација на “Стемфорд Бриџ”: Талби го замолкна Челси во 93-та минута!

Дали во Англија се раѓа нов Лестер? Тимот на Сандерленд, кој многумина го отпишаа уште пред почетокот на сезоната, игра како во бајка. “Црните мачки” денеска докажаа дека нивниот старт не е случаен, откако со неверојатен карактер успеаја да направат пресврт против тимот на Енцо Мареска.

Челси прв поведе со дебитантскиот гол на скапото засилување Алехандро Гарначо. Сепак, Сандерленд, кој беше рамноправен противник во текот на целиот натпревар, успеа да израмни. По еден долг аут, топката стигна до Вилсон Исидор, кој ја смести во мрежата.

Кога сите очекуваа нерешен резултат, се случи моментот на натпреварот. Во судиското продолжение, по една долга топка, Брајан Броби одлично ја задржа топката и го пронајде 20-годишниот Чемсдин Талби, кој со неверојатна смиреност погоди за 1:2 и предизвика делириум во гостинскиот сектор. “Дали сме втори?! Тоа е убаво, нели?”, изјави низ смеа стрелецот Исидор по натпреварот, покажувајќи колку и самите играчи се во неверица од сопствениот успех.


Бруно Гимараеш е херојот на Њукасл

По големата победа во Лигата на шампионите, Њукасл се врати на обврските во Премиер лигата, каде што се мачеше против жилавиот Фулам. Џејкоб Марфи ги доведе “страчките” во водство во 18-тата минута, но гостите од Лондон израмнија во вториот дел преку Саша Лукиќ.

Навивачите на “Сент Џејмс Парк” веќе почнаа да губат надеж, особено откако капитенот Бруно Гимараеш промаши чиста шанса со глава. Сепак, Бразилецот се извади за својата грешка во 90-тата минута, кога се најде на вистинското место по еден одбиен удар и ја смести топката во мрежата за конечни 2:1. “Не можеме секогаш да играме совршено, но мора да најдеме начин да ги освоиме трите бода. Ова е Њукасл што го познавам, се бориме до крај!”, изјави херојот Гимараеш.




Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено