(Видео) Вулвс приредија емотивно сеќавање на Диого Жота

 

Објавено:

Диого Жота остави силен печат во Премиер лигата, а пред да игра во Ливерпул, Португалецот беше миленик на навивачите на Вулверхемтон.

На вчерашното отворање на сезоната, Мулинекс стадионот на Вулвс беше обоен во сеќавањата за прерано починатиот фудбалер.

Навивачите со огромна кореографија на трибините го исцртаа фудбалерот во жолтиот дрес на Вулвс, а под него напишаа: “Ќе се сеќаваме на тебе кога ќе чекориш низ златните полиња”.

Извор: https://x.com/Wolves

Во публиката на стадионот беа и неговата сопруга Рутс, родителите, како и најдобриот пријател Рубен Невес.

“Диого остави вечен печат врз нашиот клуб и нашиот град, давајќи ни спомени кои ќе останат да живеат засекогаш. Денес, се собравме сите заедно за да дадеме почит на неговиот живот и на неговиот брат Андре”, се вели во објавата на Вулвс, покрај емотивното видео.

Покрај стартот на натпреварот, стадионот застана на нозе и аплаудираше и за време на 18-та минута од натпреварот, во чест на бројот кој Жота го носеше на жолтиот дрес.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено