Арсенал ја отворија сезоната во Лигата на шампионите со победа на гостувањето кај Атлетик Билбао од 2:0. Откако првото полувреме заврши без голови, во второто полувреме победата за Арсенал ја донесоа двете замени.
Играчите Габриел Мартинели и Леандро Тросард направија вистинска разлика во играта на англискиот гигант, откако во второто полувреме ги заменија Езе и Ѓокереш.
Најпрво Леандро Тросард му асистираше на Мартинели во 72-та минута за погодок, за во 87-та минута Габриел Мартинели да возврати со асистенција токму на Тросард кој постигна погодок.
Интересен е податокот дека Мартинели го постигна голот само 36 секунди откако влезе на теренот, со што постави нов рекорд за Арсенал, за најбрз гол на заменет играч во Лигата на шампионите.

Со победата над шпанскиот ривал, Арсенал запишаа уште еден импресивен податок вечерва. Имено, тие станаа првиот тим во Европски куп и Лигата на шампионите кои успеале да совладаат шпански клуб шест пати по ред.
Следен предизвик за “топџиите” ќе биде тимот на Олимпијакос на домашен терен, а англичаните ќе мора да бидат претпазливи со незгодниот противник, бидејќи токму тие ги елиминираа од Лига Европа во сезоната 2019/2020.
Погледнете ги двата гола на вечерашниот натпревар.