(Видео) Ѕидот од Македонија → Томовски со страшен перформанс среде Германија, публиката воодушевена

 

Објавено:

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски имаше блескава вечер во најелитното ракометно натпреварување на светот. Иако неговиот Битигхајм претрпе пораз на гостувањето кај актуелниот германски шампион Магдебург со 33-24 во рамките на шестото коло од Бундеслигата, нашиот чувар на мрежата беше апсолутно централна и најсветла фигура на натпреварот.

Томовски буквално го излуде домашниот тим, запишувајќи неверојатни 16 одбрани од вкупно 49 упатени удари кон неговиот гол, остварувајќи успешност од одлични 32.7%. Само во првото полувреме, тој успеа да скроти 9 топки, одржувајќи ја својата екипа во игра со извонредни 39% одбранети удари. Неговата херојска претстава не остана незабележана ниту од германската публика, која на социјалните мрежи коментираше: „Голманот на Битигхајм имаше страшни одбрани, голем респект“!

Стравопочит пред шампионот и херојството на Томовски

Да се игра во пеколот на „ГЕТЕК Арената“ е вистински предизвик за секој тим, а сигурниот перформанс на Томовски беше тоа што им даде храброст на неговите соиграчи. Левото крило Александер Фајфер совршено ја опиша атмосферата и стравопочитта со која тимот влезе во мечот:

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам

„Неверојатно лудо чувство е да се зачекори во ваква сала каде атмосферата е вистинско лудило. Секое дете што почнува со ракомет сонува токму за настап пред ваква кулиса,“ изјави Фајфер, искрено додавајќи: „Долго време се натпреварувате во втората лига, и одеднаш пред вас како ѕид застанува гигантот Магдебург. Ова се моменти кои буквално носат морници. Верувајте, дури и на 25 години, нормално е малку да ви се тресат рацете на почетокот. Чувството е неописливо“.

Тимската хемија се гради, притисокот е неопходен

И покрај бројните технички грешки во нападот на Битигхајм, Томовски беше човекот кој спречи вистинска катастрофа во првиот дел кој заврши 16-11. Во второто полувреме, тимот покажа карактер и се обиде да се врати, за што соиграчот на Томовски истакна:

„Неизмерно сум горд на мојата екипа што не се предаде и што продолжува да се бори натпревар по натпревар, бидејќи поинаку во оваа лига не може. Имаме врвни индивидуалци кои се одлични еден на еден, но тимската хемија сè уште не ни е на максималните 100 отсто, и тоа е сегмент на кој мораме да работиме на секој тренинг“.

Свесни за суровите предизвици во Бундеслигата, од таборот на Битигхајм заклучуваат → „Свесни сме дека ќе биде пеколно тешко и дека мораме да работиме уште повеќе. Како новајлии во лигата имаме страшен притисок, кој понекогаш можеби самите си го наметнуваме. Но, тој притисок ни е неопходен за да созрееме и да растеме како тим“.

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам

Следниот предизвик за фантастичниот Мартин Томовски и неговата екипа е уште еден ракометен гигант, на 3 октомври го пречекуваат тимот на Фихсе Берлин. Ако по утрото денот се познава, македонскиот голман е повеќе од подготвен за најголемите ѕвезди во германскиот ракомет.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 
Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 

Тазе објавено