Викенд на тркачки легенди, историски болиди и славење на брзината!

 

Објавено:

Викендов се одржа фестивалот на брзина “Goodwood”, место каде историските болиди ја делат патеката со футуристичките суперавтомобили, каде се слушаат звуците на старите Ф1 мотори и легендите на моторспортот се збираат на едно место да ја прослават љубовта кон брзината.

Настанот оваа година беше посветен на Гордон Мареј, а темата беше “60 години револуционерен дизајн”.

Навистина е тешко да се одвојат најдобрите моменти од фестивалот кој се одржа викендов во Британија, ова според нас се некои од најзначајните мигови кои ги видовме.

Доколку имате ваши фаворити, слободно пишете ни да ја дополниме листата 🙂

Деветкратниот шампион од Ле Манс го возеше легендарниот Ферари болид

Ако има добра идеја во светот на мотоспортот, тогаш најверојатно тоа би било оваа – да го ставите деветкратниот победник на 24 часовната трка Ле Манс, Том Кристенсен, во историскиот болид на Ферари “F399”. Данецот никогаш не доби шанса да вози во Формула 1, но затоа доби шанса да го повози легендарниот болид.

Фелипе Маса се врати во победничкиот болид

Фелипе Маса ја освои титулата на Формула 1 во 2008 година, а сега имаше можност повторно да се врати во својот стар болид на Ферари “F2008”.

Синот на Фитипалди го возеше болидот на својот татко

Емерсон Фитипалди беше двократен шампион во Формула 1, а викендов неговиот син Емо Фитипалди Џуниор имаше можност да го вози Лотус “72E” болидот на својот татко, со легендарниот црно-златен дизајн.

Оддавање почит на Јохен Мас

Во чест на Јохен Мас, победникот на Ле Манс од 1989 година, беа возени неговиот Mercedes C11, а веднаш потоа и Porsche 962C.

Враќање во историјата на Ф1 со Алфа Ромео 158

Не може да зборувате за историјата на Формула 1, без да се спомене еден од доминантните болиди од почетоците – Алфа Ромео 158 “Alfetta”. Во раните години на шампионатот, овој болид победи на 47 од 55 трки во кој учествуваше, а беше возен од легендарните возачи како Џузепе Фарина, Хуан Мануел Фанџио и Луиџи Гаџоли.

 

Адријан Њуи возеше болид од 1990

Славниот Ф1 дизајнер Андријан Њуи седна зад воланот на еден од неговите болиди. И иако ова можеби не е неговиот најуспешен болид во историјата, сепак се смета за еден од најубавите.

Парада на седумтте шампиони

Седум болиди на светски шампиони во Формула 1, беа возени на парадата во Гудвуд. Пол и Марк Стјуарт, синовите на легендарниот сер Џеки Стјуарт, ја предводеа парадата возејќи ги шампионските болиди на нивниот татко – легендарните Tyrrell болиди. Зад нив следуваа вистински икони на Формула 1:

Марио Андрети во неповторливиот Lotus 79
Емерсон Фитипалди во легендарниот Lotus 72
Жак Вилнев со славниот Ferrari 312T
Најџел Менсел во шампионскиот Williams FW11
Мика Хакинен со моќниот McLaren MP4/13
Ален Прост во класичниот McLaren MP4/2B

 

Мерцедес – старо наспроти ново

Погледнете вистински пример за еволуцијата на болидите преку Мерцедес. Од болидот W196 од 1954 година, до оној од 2022 година.

Летечкиот Финец Мика Хакинен

Мика Хакинен седна зад воланот на Мекларен “MP4/2B” од 1985 година.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено