Нигерискиот фудбалер Виктор Осимен вечерва беше спектакуларно дочекан во Истанбул, откако беше претставен како официјален играч на турскиот гигант Галатасарај.
Откако минатата сезона на позајмица од Наполи тој постигна рекордни 37 голови, со што го помина претходниот рекорд на легендарниот Хакан Шукур од сезоната 2001/02, сега тој се враќа како официјален играч на клубот.
Ова е за многу најголемиот трансфер во историјата на клубот, а вредноста достигна и до 75 милиони евра.
Навивачите на Галатасарај беа возбудени за неговото враќање, а некои дури и се шегуваа дека слетувањето на неговиот авион се следел како да е финале на Лигата на шампиони.
Погледнете дел од атмосферата во Истанбул.
VO in Istanbul. pic.twitter.com/hq8VEjNkjK
— Galatasaray EN (@Galatasaray) July 30, 2025



