Во мечот на повратниците: Барнли го прекина стартниот налет на Сандерленд

 

Објавено:

Во денешниот судир на двата тима кои се повратници во Премиер лигата, Барнли беше победникот на домашниот терен на Турф Мур.

Откако Сандерленд добија иницијален полет на самиот старт од новата сезона, со победата над Вест Хем со 3:0, сега тимот на чело со новиот капитен Гранит Џака доживеа пораз од 2:0.

Извор: https://x.com/BurnleyOfficial

“Црните мачки” и на овој натпревар стартуваа добро, а дури и ја имаа првата реална шанса уште во третата минута. Но, тие не успеаја да постигнат гол денес, а во тоа ги спречи новиот голман на Барнли, Мартин Дубравка, кој пристигна во клубот ова лето од токму од најголемите ривали на Сандерленд, тимот на Њукасл Јунајтед.

Двата гола на домаќините дојдоа во второто полувреме од мечот, и тоа на самиот старт преку новиот капитен на Барнли, Кулен во 47-та минута и на крајот од Ентони во 88-та минута.

Интересно е што статистиката на натпреварот сепак беше на страна на Сандерленд, со 59% посед на топката и девет, наспроти седумте удари кон голот на противниците, но во фудбалот статистиката не го одредува победникот.

Погледнете ги најдобрите моменти од натпреварот.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено