Во Саубер немале ни шампањ за прославата, им донеле другите тимови

Објавено:

После цели 15 години кариера и 239 стартувани трки во Формула 1, денес фантастичниот Нико Хулкенберг успеа да дојде до првиот подиум заедно со својот тим Кик Саубер.

Но, дека Саубер не очекувале да постигнат ваков успех со техничките можности на нивниот болид, сведочат и информациите дека тие во нивната гаража немале ниту шампањ за да го прослават големиот успех, по што на помош први пристигнале Астон Мартин, а веднаш по нив пристигнале и Мерцедес со подарокот.

Хулк е според нас можеби и еден од најдобрите возачи во Формула 1, кој никогаш не доби вистинска шанса за да вози за некој од топ тимовите, па овој подиум и тоа како е заслужен.

Честитки пристигнаа од сите возачи и тимови, што само покажува колку Нико е ценет во својата кариера. Како што изјави Хулк, првите честитки после пристигнале од актуелниот шампион Макс Верстапен.

“Јас и Макс имаме историја уште од времето на картинг деновите, кога бевме тинејџери. Мислам дека имаме многу почит еден за друг. Мислам, јас имам многу почит за него, тој знае што прави, за што се залага. Тој е многу добар човек”, изјави Хулк.

Извор: https://x.com/Max33Verstappen

Макс покрај честитките и покрај лошата своја трка, не заборави да го пофали повторно Нико за извозената трка на социјалните мрежи.

“Многу тешка и комплицирана трка за мене, но огромни честитки за Нико за подиумот, навистина се радувам за тебе”, напиша Верстапен.

Погледнете само колку ова трето место значеше за целиот тим и семејството на Хулк, а неговата сопруга објави видео од нивната ќеркичка која се радува додека го гледа својот татко на телевизија за прв пат на подиумот.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено