Додека сите очи беа вперени во Винисиус и Халанд, шоуто на „Сантијаго Бернабеу“ го украде „моторот“ на Реал Мадрид – Федерико Валверде. Уругвајскиот репрезентативец приреди нешто што ретко се гледа во нокаут-фазата од Лигата на шампионите, постигнувајќи неверојатен хет-трик во првите 45 минути против моќниот Манчестер Сити на Пеп Гвардиола!
Арбелоа можеби е без Мбапе и Белингам, но го има Валверде кој вечерва игра како во транс. Со три проектила од различна оддалеченост, Феде го фрли „Бернабеу“ во делириум и го остави Пеп Гвардиола во неверување.
- 20′ минута
- 27′ минута
- 42′ минута
Ова е првпат во историјата играч на Реал Мадрид да постигне три гола во првото полувреме против Манчестер Сити. Дали ова е најава за крај на владеењето на „граѓаните“?



