По осум години чекање, “Пустинските лисици” повторно ќе се најдат на најголемата фудбалска сцена. Алжир успеа да избори пласман на Светското првенство 2026, враќајќи се во елитата по пропуштените турнири во 2018 и 2022 година.
Под водство на Владимир Петковиќ, Алжир одигра совршен меч во Сомалија и славеше со 3–0, со двата гола на Мохамед Амура и еден на капитенот Ријад Марез, комбинација која повторно го разбуди стариот борбен дух.
Со оваа победа, Алжир обезбеди прво место во групата Г, четири бода пред Уганда, и официјално запиша петта светска авантура во својата историја.
🇩🇿 Algeria have qualified for #FIFAWorldCup 26!#WeAre26 pic.twitter.com/COfOD6dzRG
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) October 9, 2025
Најдобриот настап до сега останува оној од Бразил 2014, кога Алжир играше 120 минути рамноправно со идниот шампион Германија, пред да загуби со 2–1 во продолженијата, еден од најдраматичните мечеви на турнирот.
Но љубовната приказна меѓу Алжир и Светското првенство започна уште во 1982 година, кога “лисиците” го шокираа светот со историската победа од 2–1 над Западна Германија, па и покрај тоа не успеаја да минат група по контроверзниот “Договор од Хихон”.
Претходно Алжир имаат настапено на четири Мундијали, оние во 1982, 1986, 2010 и 2014 година.
Another historic chapter for Algeria 📚#FIFAWorldCup
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) October 9, 2025



