Вечерва од 20:15 часот, Вардар го игра еден од најважните натпревари во поновата историја. По големата победа од 2:1 во првиот натпревар во Скопје, “црвено-црните” со минимална, но значајна предност ѝ гостуваат на Лозана во реванш-натпреварот од второто квалификациско коло во Конференциската лига.
Тренерите Гоце Седлоски и Петер Цајдлер ги открија картите со кои ќе ја започнат оваа битка.
Преносот на натпреварот започнува нешто пред 20:15 на МРТ 1.
Еве кои 11 играчи ќе истрчаат на стадионот „Стад де ла Тулиер“ од првата минута:
Стартни 11 на Вардар:
- (95) Д. Талески (Г)
- (21) Г. Јанкулов
- (4) М. Матиќ
- (75) С. Фаустин
- (3) М. Маневски
- (10) Г. Закариќ (К)
- (88) Н. Босанчиќ
- (7) Д. Донгмо
- (22) Д. Тодоровски
- (47) Р. Мато
- (9) А. Омерагиќ
Стартни 11 на Лозана:
- (25) К. Летица (Г)
- (14) К. Муанга
- (6) Н. Дусене
- (5) Б. Окох
- (18) М. Поати
- (10) О. Кустодио (К)
- (8) Џ. Роше
- (70) Г. Диаките
- (27) Б. Лекуери
- (9) М. К. Сене
- (7) А. Ајдини
Адути од клупата:
Вардар: М. Велковски, Н. Мишковски, М. Цикарски, М. Куестас, Г. Цветков, К. Николовски, Ф. Дурански, И. Олаосебикан, Д. Кастањеда, Д. Данев, Е. Спахиу, М. Талевски.
Лозана: Т. Кастела, Б. Сопи, А. К. Соу, Л. Битарели, Е. Брушез, Д. Р. М. Карако, П. С. Ндиаје, Н. Батлер-Оједеџи, С. Траоре.
Напред Вардар!