За прв пат во историјата: Виљареал и Барса ќе играат во Мајами

 

Објавено:

Фудбалската асоцијација на Шпанија одобри натпреварот од Ла Лига, помеѓу Виљареал и Барселона да се одигра во Мајами, САД.

Мечот кој е закажан за 20 декември, ќе се одигра за прв пат надвор од шпанската територија, а се чека уште на одобрувањето на УЕФА за официјално да биде потврден овој историски потег на Ла Лига.

Ваквиот потег најверојатно е мотивиран од скорешната иницијатива за популаризација на спортот во Америка, а за европските лиги се нудат енормни суми за дел од натпреварите да бидат одиграни таму.

Извор: https://x.com/FCBarcelona

Ова е можност за Барселона да одигра натпревар во градот каде сега игра Лео Меси, со што би можеле значително да ја подобрат својата кревка финансиска ситуација. Инаку, ефектот на Меси во МЛС лигата е толку голем, што во 2023 година неговото присуство ја зголемило гледаноста на фудбалот во САД за 26%. Најверојатно токму тука и се крие причината за изборот на локацијата за овој натпревар, а се очекува токму Меси да ја гледа својата Барса од трибините.

Шпанските навивачи на социјалните мрежи бурно изреагираа на ваквата објава, велејќи дека натпреварите треба да се играат онаму кадешто се навивачите, а не странските инвеститори.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено