Заслужено внимание: Твитерџијата што го предвиде успехот на Халанд!

Објавено:

Понекогаш интернет просторот знае да биде навистина интересно место, а на еден Твитер (Х) корисник, не му се веруваше дека супер ѕвездата Ерлинг Халанд го сподели неговиот твит од 2018 година, по што следуваше навистина интересна преписка.

Приказната започнува токму пред седум години, кога корисникот Фредрик (@F_Edits) тогаш напишал: „Има едно дете кое дава голови од шала тука во Норвешката лига и има само 18 години. Запамтете го неговото име: Ерлинг Браут Халанд“.

Некако овој твит стигнал до фудбалерот, а тој шеговито го сподели, додавајќи го коментарот: „Го запомнив ова име“.

На корисникот не му се веруваше, па додаде: „Ова е лудо. Сум доживеал некои луди моменти тука на Твитер и претходно, но да ја отворам апликацијата и да видам дека најдобриот напаѓач во светот го споделил мојот твит и ме тагнал е навистина неверојатно“.

За возбудата кај него да биде уште поголема, на оние кои го споделија неговото „предвидување за детето од Норвешка“ беше и официјалната страна на Премиер лигата.

После тоа, тој на шега твитна: „Сум видел луѓе да имаат проблеми за нешто што го твитале пред 7-8 години. Никогаш не очекував дека ќе го доживеам тотално спротивното од тоа“.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено