Збогување со великаните: Мундијалот во 2026 ќе биде „последен танц“ за Меси, Модриќ и Роналдо!

Објавено:

Светското првенство во 2026 година во Северна Америка полека се наѕира на хоризонтот, а со него и емотивното соочување со реалноста – за многумина од најголемите легенди на фудбалот, ова ќе биде нивниот „последен танц“ на најголемата сцена.

Овие играчи со децении го обликуваа ликот на модерниот фудбал, а Мундијалот во 2026 година ќе биде нивната последна шанса да испишат историја пред да заминат во репрезентативна пензија.

ФИФА издвои десет суперѕвезди за кои овој турнир најверојатно ќе биде „лебедова песна“.

Лионел Меси (Аргентина)

Вистинска икона на играта, Меси веќе го оствари својот сон во Катар во 2022 година, кревајќи го трофејот кој му недостигаше. Со рекордна 26 настапи на Мундијалите и 13 постигнати гола, Меси во 2026 ќе се обиде да ја предводи Аргентина во одбрана на титулата. Тоа ќе биде негово шесто Светско првенство, подвиг кој само потврдува дека неговата долговечност е неспоредлива.

Извор: https://www.fifa.com

Лука Модриќ (Хрватска)

Благодарение на Модриќ, сонот на малата Хрватска да се бори со најдобрите стана реалност. Од дебито во 2006 година, па сè до „Златната топка“ во 2018 и бронзата во 2022, Модриќ стана синоним за интелигенција и техника. Како капитен, тој ќе ја бара последната магија за „коцкестите“ на американско тло.

Извор: https://www.fifa.com

Кристијано Роналдо (Португалија)

Приказната на Роналдо е приказна за постојана реинвенција. Тој е единствениот машки фудбалер кој постигнал гол на пет различни Светски првенства. Во 2026 година, Роналдо ќе брка нестварен рекорд – да се запише во листата на стрелци на шести последователен Мундијал, што би било врв на неговата неверојатна натпреварувачка природа.

Извор: https://www.fifa.com

Мохамед Салах (Египет)

Иако е глобална икона, Салах досега имаше само една можност да заигра на Мундијал (2018). Тој на свои плеќи ги носи надежите на цела нација и континент за голем успех во 2026.

Извор: https://www.fifa.com

Кевин де Брујне (Белгија)

Мозокот на „златната генерација“ на Белгија. По третото место во 2018, Де Брујне ќе се обиде да ја извлече Белгија од транзицијата и да остави последен белег на глобалната сцена.

Извор: https://www.fifa.com

Нејмар (Бразил)

Од млада ѕвезда во 2014 до лидер на генерацијата, Нејмар помина низ повреди и разочарувања. Во 2026 година тој ќе ја бара својата последна шанса да му го донесе на Бразил толку посакуваниот шести трофеј.

Извор: https://www.fifa.com

Џејмс Родригез (Колумбија)

Човекот кој го воодушеви светот со волејот во 2014 година. Неговата историја со Светските првенства е кратка, но блескава, а Мундијалот во 2026 е негова шанса за нов „камбек“.

Извор: https://www.fifa.com

Сон Хјунг-мин (Јужна Кореја)

Капитенот кој играше и со повреда во Катар само за да го предводи својот тим. Сон е најголемиот азиски амбасадор на фудбалот кој ќе се збогува во Северна Америка.

Извор: https://www.fifa.com

Вирџил ван Дајк (Холандија)

Столбот на одбраната на „лалињата“. По болната елиминација на пенали од Аргентина во 2022, Ван Дајк ќе го предводи холандскиот бедем во обид конечно да го освојат врвот.

Извор: https://www.fifa.com

Садио Мане (Сенегал)

Откако поради повреда го пропушти Катар, Мане ќе биде мотивиран како никогаш досега да го предводи Сенегал во неговиот последен голем мундијалски предизвик.

Извор: https://www.fifa.com

Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено