Ракометната федерација на Македонија (РФМ) експресно реагираше по инцидентот што се случи на дербито меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер и му изрече суспензија од три месеци на ракометарот на Битолчани, Дејан Манасков.
Суспензијата е резултат на физичкиот конфликт што Манасков го имаше со службеното лице на РК Охрид, Крсте Андоновски, веднаш по завршувањето на натпреварот во кој Пелистер доживеа неочекуван пораз.
Како што е познато, Манасков по инцидентот беше повикан во полициска станица за да даде официјална изјава, а веројатно постапка ќе спроведе и Министерството за внатрешни работи. Сепак, Дисциплинската комисија на РФМ веќе изрече една од најжестоките казни во последниот период за поранешниот репрезентативец.
Во однос на останатите учесници во инцидентот:
- Крсте Андоновски (службено лице на Охрид) е казнет со три натпревари забрана за вршење на функцијата, поради неговата улога во конфликтот.
- Двата клуба, РК Охрид и РК Еурофарм Пелистер, се парично казнети со по 45.000 денари.
Оваа тримесечна суспензија значи дека Е. Пелистер ќе биде без услугите на искусниот Манасков во клучниот период од сезоната.
Прочитајте ја целосната одлука:




