Жиру се прости од ЛА, се чека потписот со Лил

Објавено:

Деновиве почнаа да кружат шпекулации дека францускиот напаѓач, Оливие Жиру заврши со својата “екскурзија” во МЛС лигата и сепак реши на 38 години повторно да се врати и да заигра за клуб во својата татковина. Сега, и официјално е неговото заминување, откако клубот од Лос Анџелес објави дека решиле да се разделат со Французинот.

Според Фабрицио Романо, тој веќе го прифатил едногодишниот договор со францускиот клуб Лил, а официјалниот потпис ќе следува по медицинските прегледи.

Извор: https://x.com/LAFC

Ова претставува враќање на Жиру во француската фудбалска лига после цели 13 години, откако последен пат играше за француски Монпеље до мај 2012 година.

Последен клуб за кого Жиру играше во Европа, беше во Серија А лигата во боите на Милан, каде остана до истекувањето на договорот во јуни 2024 година, по што направи трансфер преку океанот и се приклучи на американската МЛС лига во клубот од Лос Анџелес.

Клубот од Лос Анџелес веќе се прости од Французинот на социјалните мрежи, па останува само да почекаме на официјализирање на договорот со Лил.

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено