Жорже Жезус, искусниот португалски стратег, е официјално нов тренер на Ал Наср. Неговото назначување го одобри и самата ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо. Веста, која ја објави Фабрицио Романо, означува нов почеток за саудискиот клуб и носи оптимизам за фановите на Ал Наср.
Жорже Жезус – машината за трофеи, кој има 70 години, се враќа во Саудиска Арабија по многу успешен период со ривалскиот Ал Хилал. Таму освои пет трофеи, вклучувајќи ја и Саудиската Про Лига. Ова искуство и докажан успех беа клучни за да добие доверба од раководството и, што е најважно, од Кристијано Роналдо, кој сега го гледа Жезус како идеален тренер за Ал Наср.
Самиот Роналдо го одобри изборот на Жезус, со што се зацврстува португалската врска во тимот. Оваа промена доаѓа откако Стефано Пиоли замина од клубот. Пиоли не успеа да освои ниту еден трофеј и ја заврши сезоната на третото место во лигата. За повеќе детали за тоа како Роналдо влијае на промените во Ал Наср, прочитајте ја нашата претходна статија: Новата “жртва” на Кристијано Роналдо
Со доаѓањето на Жорже Жезус и зајакнувањето на стручниот штаб со големите имиња од шпанскиот фудбал како Фернандо Јеро (спортски директор) и Адријан Еспарага (технички директор), Ал Наср се надева дека ќе го прекине периодот без трофеи. Тимот, кој располага со ѕвезди како Садио Мане, Џон Дуран и Марсело Брозовиќ, сега цели кон освојување титули под водство на новиот тренер.
Останува да видиме како ќе се одвива сезоната за Ал Наср под водство на Жорже Жезус.