Еден од најдобрите фудбалери и најтрофејните тренери во поновата историја, Зинедин Зидан, стави крај на шпекулациите и јасно ги откри своите планови за иднината. По неколку години пауза, Французинот потврди дека е подготвен да се врати на тренерската работа, а неговата главна цел е една: селекторската позиција во репрезентацијата на Франција.
“Сигурно ќе се вратам на тренерската работа. Мојот план и мојата желба се еден ден да станам селектор на Франција. Ќе видиме”, изјави Зидан на спортскиот фестивал во Тренто, испраќајќи јасна порака до француската федерација.
Зошто не Јувентус? “Тој тим секогаш ќе го носам во срцето”
Зидан, исто така, се осврна и на шпекулациите кои го поврзуваа со клупата на неговиот поранешен клуб, Јувентус.
“Јас во Јувентус? Не знам зошто тоа не се случи. Секогаш го носам тој тим во срцето, бидејќи ми даде многу”, изјави тој, оставајќи ги фановите на “старата дама” да се прашуваат што можеше да биде.
Причината, според аналитичарите, е јасна. Сите во фудбалскиот свет знаат дека Зидан со години трпеливо ја чека шансата да го наследи Дидие Дешамп на клупата на Франција, особено што е најавено дека Дешамп ќе си замине по Светското првенство во 2026 година.
Човек кој работи само на свој начин
Ова не е првпат Зидан да покаже дека не брза и дека ги избира само вистинските проекти. Тој двапати го одби пребогатиот ПСЖ, а двапати и си замина од Реал Мадрид под свои услови, веднаш откако ќе освоеше сè.
Неговиот авторитет е огромен. “Да бидеме искрени, дури и да стане тренер на Барселона, играчите би покажале огромна почит”, “Едноставно, не можеш да не го почитуваш човекот што се вика Зинедин Зидан”, се само дел од коментарите кои ја отсликуваат неговата големина.
На крајот, едно е сигурно: кога и каде и да се врати, враќањето на Зизу ќе биде најголемата вест во светот на фудбалот.
🚨 Zinedine Zidane: “For sure I’m returning to work as head coach, it’s my plan”.
“My desire is to become France head coach one day… let’s see”, said at Festival Dello Sport. pic.twitter.com/6QiV05rkGE
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) October 12, 2025