Златна победа за македонските одбојкари

Објавено:

Македонските одбојкари, на чело со капитенот Никола Ѓоргиев, обезбедија опстанок во Златната лига преку убедливата победа над репрезентацијата на Црна Гора.

Нашите одбојкари ги совладаа Црногорците со резултат од 3:0 (25:20, 25:21, 25:13) во последниот натпревар кој се одигра во салата Парк во Струмица.

Македонија и Црна Гора одлично се познаваат меѓусебно, а тоа го потврди и рамноправната игра во првите два сета во кои се играше егал. Избраниците на Јошко Миленкоски го одиграа можеби најдобриот натпревар во Златната лига годинава.

Извор: https://vfmkd.org.mk

Главна лидерска улога имаа Ѓоргиев и Љафтов, а ветеранот Владо Милев со својата игра даде стабилност на играта. Целиот репрезентативен тим беше на ниво на задачата и одлично одигра за тотална доминација над Црна Гора.

Македонија настапот во ЦЕВ Европската Златна лига 2025 го завршува со две победи во шест натпревари и на деветото место на табелата, со кое обезбедува учество во ова натпреварување во следното издание.

Извор: https://vfmkd.org.mk

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено