„Ѕвезди и линии“ за Мундијалот: Американците го претставија новиот дрес!

 

Објавено:

Домаќинот на претстојното Светско првенство, репрезентацијата на САД, официјално ја промовираше новата опрема на Најк со која ќе настапат на историскиот турнир во 2026 година. По големите критики за изгледот на дресовите од претходниот Мундијал, овојпат процесот беше поинаков, па ѕвездите на тимот биле директно вклучени во секој чекор од дизајнот.

„Домашен“ дрес со движење на знамето

Првиот дрес е „несомнено американски“. Со доминантни црвени и бели хоризонтални линии кои се претставени во брановидна форма, дизајнот го симболизира „движењето на знамето“. Најк и федерацијата сакаа нешто „лудо и очигледно“ што веднаш ќе ги привлече погледите на трибините. Иако играчите бараа ретро изглед, дизајнерите се одлучија за модерна интерпретација која не гледа наназад во минатото.

Ѕвезди и металик сјај за гостинската варијанта

Гостинскиот дрес, кој веќе е прогласен за фаворит меѓу фудбалерите, доаѓа во темно сина боја со металик сребрени ѕвезди „сокриени“ во позадината.

„Сакавме нешто што изгледа ‘кул’ и надвор од теренот. Ова е дрес што можете да го носите во бар со пријателите во петок навечер и да изгледате одлично“, изјавија од маркетинг тимот на САД.

Ѕвездите на дресот се рефлектирачки и го менуваат изгледот под различни агли, создавајќи ефект на хром кој е видлив само одблизу. Капитенот Тајлер Адамс истакна дека играчите барале „застрашувачки“ изглед кој ќе влева респект кај противниците.

САД бара свој идентитет како Бразил и Холандија

Целта на овој долготраен процес е САД конечно да изгради постојан визуелен идентитет. Додека Бразил ја има жолтата боја, а Холандија портокаловата, Американците сакаат нивниот дрес секогаш да биде препознатлив по ѕвездите и линиите.

Новите дресови ќе дебитираат на крајот на овој месец на пријателските натпревари против Белгија (28 март) и Португалија (31 март), што ќе бидат последни тестови за тимот на Маурисио Покетино пред финалниот список за Светското првенство.

Нашата пресуда за дизајнот: Гостинскиот дрес дефинитивно изгледа подобро, иако и кај него може да се види влијанието на „направи го логото поголемо“. Бидејќи целта на тој дрес е да биде и за „дотерување“, а не само за на терените, тие го доловуваат моментот со амблемот кој доминира истакнувајќи ја гордоста на носењето на американскиот амблем, нешто што е дел од американската култура. А, и само Американците може да промовираат нов фудбалски дрес со светкава топка… Црвено-белиот дрес е во најмала рака доста храбар, но фудбалерите ризикуваат да изгледаат како новогодишни лижавчиња на елка кога ќе истрчаат на теренот.

Во секој случај, нашата крајна оцена е дека не би го купиле овој дрес, но веруваме дека ќе си најде свои фанови меѓу оние кои сакаат доста „американски“ изглед 🙂

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено