На 4 јули 1954 година се случи еден од најголемите и најнеочекуваните пресврти во историјата на фудбалот. Во финалето на Светското првенство во Швајцарија, репрезентацијата на Западна Германија се соочи со “магичните Унгарци” – легендарниот тим предводен од Ференц Пушкаш, кој важеше за апсолутно непобедлив.
Унгарија беше апсолутен фаворит. Тие не беа поразени повеќе од четири години, а во групната фаза веќе ја имаа “декласирано” истата Германија со резултат 8:3. Финалето започна очекувано – Унгарија по само осум минути игра водеше со 2:0.
Но, тогаш се случи она што подоцна стана познато како “Чудото во Берн”. Германците, со неверојатна борбеност и ментална сила, успеаја да се вратат во игра и да израмнат на 2:2 до крајот на првото полувреме. Во второто полувреме, на шест минути пред крајот, Хелмут Ран го постигна победничкиот гол за 3:2, носејќи ѝ ја на Германија првата светска титула и предизвикувајќи шок во целиот фудбалски свет. Ова финале останува симбол за тоа дека во фудбалот никогаш не треба да се откажеш.
Оригинално натпреварот беше прикажуван во црно-бела варијанта, но благодарение на денешната технологија, може да ја погледнете и колоризираната снимка од најважните моменти во продолжение.



