Ноември во знакот на GTA VI, зошто најголемата видеоигра им создава главоболка на тренерите?

 

Објавено:

Откако на 19 ноември конечно излезе долгоочекуваната GTA VI, светот на гејмингот влезе во вистинска еуфорија која не ги одмина ниту соблекувалните на најголемите спортски гиганти. Ако деновиве забележавте дека некој фудбалер во Премиер лигата, кошаркар во НБА или возач во Формула 1 делува малку поспано, нервозно или со задоцнети реакции, причината можеби воопшто не лежи во лошата тактика или напорните патувања, туку во бессоните ноќи минати со џоестикот в рака.

Најголемото гејминг издание во историјата бара десетици часови посветеност, а голем број професионални спортисти уште пред премиерата отворено признаа дека планираат целосно да се исклучат од остатокот од светот. За тренерите и нутриционистите во врвниот спорт, каде секој процент од подготвеноста прави разлика, ваквата опсесија отвори старо, но секогаш актуелно прашање за балансот меѓу забавата и професионализмот.

Ѕвездите отворено најавија „исчезнување“ во ноември

Комбинацијата од долги карантини, хотелски соби, забрани за излегување и досада меѓу натпреварите со децении ги прави видеоигрите омилена занимација за спортистите. Но, со излегувањето на новото продолжение на „Grand Theft Auto“, најавите од самите актери станаа погласни од кога било.

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам

Напаѓачот на Ливерпул и шведски репрезентативец, Александер Исак, за време на репрезентативната пауза со насмевка предупреди дека по 19 ноември ќе биде речиси невозможно да се стапи во контакт со него бидејќи ќе биде целосно фокусиран на играта. Слична порака испрати и седумкратниот Формула 1 шампион Луис Хамилтон, инаку страстен гејмер, уште пред неколку месеци се пошегува дека ќе мора да ги откаже сите деловни обврски штом играта се појави на пазарот.

Најдуховитата прогноза, сепак, пристигна од НБА центарот на Хјустон Рокетс, Стивен Адамс. Уште во септември за „Си-Би-Ес Спортс“ тој со својот препознатлив хумор предвиде дека во ноември ќе има драстичен пад на квалитетот во сите големи лиги, од НБА до НФЛ, и дека тоа нема да ги одмине ниту тренерите ниту скаутите, со надеж дека сите ќе ја завршат приказната до декември за спортот да се врати во нормала.

Што вели науката за сонот и доцните ноќи пред екранот?

Иако ваквите изјави звучат симпатично, во модерниот спорт сонот се третира како еден од најважните столбови на формата. Ана Вест, основачка и извршна директорка на организацијата „Sleep 2 Perform“, која соработува со елитни клубови и спортисти, објаснува дека квалитетниот одмор директно управува со физичкото закрепнување, имунитетот, концентрацијата, емоционалната стабилност и брзината на носење одлуки под притисок.

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам

Според неа, првите симптоми по кратка ноќ се пад на будноста, побавни реакции и поголема раздразливост на теренот. Дополнителен проблем кај напнатите и динамични игри како GTA е што освен силната светлина од екранот која го потиснува мелатонинот, самата возбуда му отежнува на мозокот да се смири веднаш по гаснењето на конзолата. Сепак, Вест потенцира дека најголемата замка е сосема едноставна, спортистот едноставно останува буден во часовите кога треба да спие.

Истовремено, таа смирува дека не треба да се крева паника од една непроспиена ноќ. Недостатокот од сон в петок не значи автоматски дека фудбалерот ќе се повреди в сабота или сам ќе го загуби натпреварот, бидејќи една несовршена ноќ не брише недели напорни тренинзи. Вистинската опасност настанува само кога доцното играње ќе прерасне во редовна навика.

Од „проклетството“ на Томб Рајдер до светската круна на Пирло

Историјата на спортот памети бројни примери кога гејмингот преминал во сериозен проблем. Во деведесеттите години, англискиот голман Дејвид Џејмс често беше критикуван дека претераното играње „Томб Рајдер“ му ја уништило концентрацијата, иако самиот подоцна остро го негираше тоа. Слични грижи постоеја и во Барселона околу навиките на Усман Дембеле, тенисерот Ник Кирјос отворено признаваше дека пропуштал турнири поради видеоигри, а светскиот првак во снукер од 2010 година, Нил Робертсон, искрено раскажа дека зависноста од „World of Warcraft“ и играњето ФИФА до шест часот наутро му ја уништиле формата бидејќи на професионално ниво не може да се победува со замор.

Но, приказната има и целосно поинаква, позитивна страна. Легендарниот италијански плејмејкер Андреа Пирло во својата автобиографија ја овековечи легендарната анегдота од 9 јули 2006 година во Берлин, кога целото попладне го минал играјќи Плејстејшн за да го исфрли стресот, а неколку часа подоцна излезе на теренот и ја одведе Италија до светската титула.

Токму затоа експертите за сон не советуваат строги забрани, бидејќи на спортистите им е неопходен издувен вентил за ментално опуштање. Клучот, според Вест, е во паметното планирање, однапред да се одреди точно време кога конзолата се гаси пред да ве повлече играта, да се избегнуваат маратонски сесии ноќта пред важен настап и да се остави простор телото мирно да заспие. Во спротивно, деновиве на терените низ светот можеби нема да гледаме само прослави инспирирани од GTA VI, туку и по некое проѕевање.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 
Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 

Тазе објавено