Календарот веќе покажа 15 ноември, брз водич низ зимските правила за да возите безбедно и без стрес

 

Објавено:

Датумот 15 ноември помина побрзо од очекуваното, а со првите утрински минуси во Македонија официјално започна сезоната на задолжителна зимска опрема која трае сè до 15 март. Иако многу возачи на ова правило гледаат само како на уште една обврска за да се избегне казната од 45 евра, вистината е дека зимските гуми на студен и лизгав асфалт се ваш најважен сојузник многу пред да падне првиот снег.

За да не морате да листате сувопарни законски параграфи, го преведовме официјалниот правилник на едноставен, возачки јазик.

Copyright: SportStation.mk

Што точно бара законот од вас и вашето возило?

Според Член 11 од Правилникот за задолжителна опрема, правилата се прецизни и зависат од категоријата на возилото:

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
  • Стандардни патнички возила (до 3.500 килограми): Потребни ви се зимски гуми на сите четири тркала со длабочина на шарата од најмалку 4 милиметри. Законот дозволува и летни гуми со минимум 4 милиметри шара, но само ако во багажникот имате синџири за снег соодветни за погонските тркала. Сепак, секој што барем еднаш монтирал синџири на минус пет степени знае дека вистинската зимска гума штеди и време и нерви.
  • Возила со 4×4 погон: Овие возила бараат малку посериозна подготовка, односно зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 6 милиметри. Варијантата со летни гуми (минимум 4 милиметри) важи само со синџири во приборот, и тоа најмалку за задната осовина кај постојан погон или за постојано вклучената осовина кај преклоплив погон.
  • Товарни возила и автобуси (над 3.500 килограми): Задолжителни се зимски пневматици на погонските тркала со шара од најмалку 6 милиметри, или летни (минимум 4 милиметри) со синџири и соодветни помагала. Оние што технички не можат да постават синџири мора да имаат зимски гуми на погонските тркала и задолжителна лопата во приборот.

Како да препознаете вистинска зимска гума? Не проценувајте само од око, туку проверете ја бочната страна. Зимскиот пневматик мора да има ознака „MS“, „M+S“ или „M&S“, како и знак на снегулка во стилизирана планина со три врва. И уште една важна забелешка, пневматиците со клинци не смеат да се користат во патниот сообраќај.

Како да изберете гуми според вашиот стил на возење и буџет?

Најчестата дилема кај возачите не е дали треба да ги сменат гумите, туку како да го направат вистинскиот избор без да погрешат или да потрошат повеќе од планираното. Добрата вест е дека денес постојат одлични решенија за сечиј стил на возење и за секој семеен буџет, без да правите компромис со безбедноста.

Ако често патувате на отворен пат, сакате зимски викенди на планина или барате максимално чувство на контрола во екстремни услови, премиум класата со имиња како Continental, Michelin, Pirelli, Dunlop и финските специјалисти за зима Nokian Tyres е инвестиција што се исплати на секое нагло кочење. За возачите што бараат паметна златна средина со одличен баланс меѓу цена и издржливост, проверените брендови од средната класа како Falken, Nexen и Toyo се сигурен погодок. А доколку возите претежно низ град и сакате свежа, сигурна зимска гума изработена по европски стандарди која е нежна кон паричникот, моделите на Davanti, Riken, Taurus или Linglong одлично ја завршуваат работата.

Најлесниот начин да го избегнете лутањето е да отидете на место каде целата оваа палета е достапна под ист покрив и каде стручен тим ќе ве посоветува според вашето возило и навики. Токму затоа, пред да нè изненади првиот посериозен снег, вреди да ја погледнете понудата и да закажете монтажа и балансирање во Мотоцентар (motocentar.com.mk), за оваа зима единствената дилема на патот да ви биде каде ќе одите на кафе или скијање.

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 
Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 

Тазе објавено