Ѕвездата на Баерн Минхен, Џамал Мусијала доживеа страшна повреда на глуждот после судирот со голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума.
Донарума беше видно потресен кога го известија за сериозноста на повредата, која се случи за време на натпреварот од Светското клупско првенство меѓу Баерн и ПСЖ кој моментално е во тек.
Gianluigi Donnarumma is visibly shaken after witnessing Jamal Musiala’s injury.
We are all wishing Jamal the best. pic.twitter.com/HrVu24Ghv1
— DAZN Football (@DAZNFootball) July 5, 2025
Според првичните извештаи станува збор за скршеница на зглобот на ногата, нешто што ќе го тргне Мусијала од терените подолго време.
Токму ваквите повреди беа најголемата загриженост за тренерите кога се спротиставуваа на ваквиот формат на турнирот, нагласувајќи дека играчите би можеле да преживеат страшни повреди поради премореност од и онака пренатрупаниот распоред на натпревари во текот на сезоната.
Мусијала кој претходно годинава потпиша продолжување на договорот со германскиот клуб до 2030 година, веќе го испушти крајот на минатата сезона поради истегнат мускул, а дури неодамна повторно се врати во акција.
До повредата минатата сезона тој имаше постигнато 21 гол и 8 асистенции од 43 појавувања за Баерн Минхен.