2.8 C
Skopje

Расел повторно на пол позиција во Монтреал

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Џорџ Расел, возачот на Мерцедес, со феноменален круг во третата фаза од квалификациите за Големата награда на Монтреал успеа да дојде до пол позицијата за утрешната трка.

Ова е втора последователна година за Расел да започне од првата позиција во Канада, но тој повторно нема да може да спие мирно, бидејќи веднаш зад него се наоѓа Макс Верстапен кој минатата година успеа да победи на трката и покрај тоа што Расел стартуваше од стартната позиција, а на крајот заврши на третото место.

“Навистина сум изненаден што на крајот завршив на првото место, но тимот и јас сме пресреќни за резултатот”, изјави Расел. На прашањето што ќе прави утре на првата кривина со Макс зад него, тој на шега изјави “Јас имам вишок слободни поени и немам опасност од пропуштање на трка поради казнени поени, така што ќе видиме утре”.

“Многу сум среќен што се најдовме на првата линија за утрешната трка. Секогаш е подобро да почнеш од првото место, но ќе дадеме сè од себе и утре да стигнеме до победата”, изјави Макс Верстапен веднаш после квалификациите.

Можеби најголемо изненадување е што немаме Мекларен болид на стартната линија, но Оскар Пијастри ќе стартува трет, а со оглед на формата која ја има тимот оваа сезона, не треба ниту лидерот на табелата за возачкиот шампионат да биде исклучен од трката за победа.

Првите пет ги заокружуваат младиот Кими Антонели за Мерцедес на четвртата позиција и Луис Хамилтон за Ферари на петтата позиција.

Извор: https://x.com/F1

Уште една одлична трка за Алонсо со Астон Мартин кој се најде на шесттата позиција со оглед на болидот кој му е на располагање, а големо разочарување за претендентот за титулата Ландо Норис кој се најде на седмото место и Шарл Леклер кој и покрај одлично извозените квалификации и можноста за пол позиција, после голема грешка во третиот круг се најде дури на осмото место.

Стартната десетка ја заокружуваат Алекс Албон за Вилијамс на деветтото место и дебитантот за Рејсинг Булс Исак Хаџар на десеттото место.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено