Среќата конечно му се насмевна на Роберт Кубица. После цела кариера дефинирана од упорност, враќање и незавршена работа, полскиот возач успеа да го запише своето име во историјата на моторспортот со својата победа на 92-то издание на 24 часовната трка Ле Манс, возејќи за АФ Корс во #83 Ferrari 499P Hypercar.
Ова е трета последователна победа на Ферари на Ле Манс во новата хиперавтомобилска ера, нешто што го става тимот од Маранело на врвот на трките кои бараат неверојатна издржливост.
𝗔𝗻𝗱 𝗶𝘁’𝘀 𝗮 𝘁𝗵𝗶𝗿𝗱 𝘄𝗶𝗻 𝗼𝗻 𝘁𝗵𝗲 𝗯𝗼𝘂𝗻𝗰𝗲 𝗳𝗼𝗿 𝗙𝗲𝗿𝗿𝗮𝗿𝗶!🏆
The #83 499P seals the 𝗵𝗮𝘁-𝘁𝗿𝗶𝗰𝗸 𝗳𝗼𝗿 𝘁𝗵𝗲 𝗜𝘁𝗮𝗹𝗶𝗮𝗻 𝗺𝗮𝗻𝘂𝗳𝗮𝗰𝘁𝘂𝗿𝗲𝗿. With 𝗥𝗼𝗯𝗲𝗿𝘁 𝗞𝘂𝗯𝗶𝗰𝗮, 𝗬𝗶𝗳𝗲𝗶 𝗬𝗲 𝗮𝗻𝗱 𝗣𝗵𝗶𝗹 𝗛𝗮𝗻𝘀𝗼𝗻, Ferrari has shone… pic.twitter.com/etLfafZIqU
— 24 Hours of Le Mans (@24hoursoflemans) June 15, 2025
Момент кој се чекаше 20 години
За Кубица, овој триумф на Ле Манс е повеќе од само победа. Тоа е момент на затворање на еден целосен циклус. Тој порано важеше за најголема надеж во Формула 1, сè до несреќата која ја доживеа во 2011 година на рели трка, со што неговите соништа во Формула 1 беа брутално срушени. Кубица во несреќата ја повреди десната рака, со што ја заврши својата кариера како возач од највисоките нивоа.
Наспроти сите верувања, тој се врати на патеките на Ф1 во тимот на Вилијамс во 2019 година, а подоцна беше и резервен возач во тимот на Алфа Ромео. Но, неговиот сон не доживеа целосна ренесанса. Сè до сега…
Победа за вистинските љубители на автоспортот
Заедно со членовите на неговиот тим, Робер Шварцман и Јуфеи Је, Кубица извозе калкулирана, смирена трка без грешки, за целото време на суровите услови на патеката. Дождот, темницата и немилосрдната конкуренција од тимовите на Тојота и Порше, не успеаја да го запрат одлучниот тим на Ферари во својот поход кон победата.
Ова претставуваше хет-трик за Ферари. Три последователни победи на Ле Манс во модерната ера на хиперавтомобили, а прва за Кубица после несреќниот пораз во 2021 година кога изгуби во последните минути поради механички дефект на автомобилот.
Not once, not twice, three times!!! 🏆🏆🏆#FerrariHypercar #Ferrari499P #WEC #LeMans24 pic.twitter.com/03V0lH0lYd
— Ferrari Hypercar (@FerrariHypercar) June 15, 2025
Возач кој одби да биде заборавен
Трката Ле Манс оваа година им го даде на љубителите на моторспортот она што ретко го добиваат: правда.
Талентот на Кубица никогаш не успеа да засвети на тронот на Ф1, нешто што многумина од неговите фанатични навивачи веруваа дека го заслужува. Но, на оваа сцена, каде се натпреваруваат најиздржливите, тој успеа да прикаже перформанс кој го надмина неговото минато и го запечати неговото наследство во спортот.
Кубица можеби никогаш не ја освои Формула 1, но овој викенд во темните шуми на Ле Манс, тој успеа да стане шампион во спортот во својата најчиста форма. И овој пат неговиот последен круг не беше суров – беше совршен.
