10.8 C
Skopje

Значајно признание за Масар Омераѓиќ, ФФМ и македонскиот фудбал

Објавено:

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, е именуван за член на Олимпискиот фудбалски комитет на ФИФА.

Комитетот работи под покровителство на Советот на ФИФА и има задача да го унапредува и координира развојот на фудбалот во рамките на Олимписките игри. Тој исто така соработува со Меѓународниот олимписки комитет во сите прашања поврзани со организацијата и развојот на фудбалските турнири на Олимпијадата.

Со Комитетот претседава Самир Шауд од Бразил, а заменик-претседател е Мустафа Раџи од Либерија. Меѓу членовите се претставници од повеќе континенти, меѓу кои Кохзо Ташима од Јапонија како делегат на Советот на ФИФА, Чармејн Крукс од Канада, Хрисостомос Гкагкатсис од Грција, Шеик Ахмад Јусеф Ал Сабах од Кувајт, Бранко Радујко од Србија и Хелга Хелгадотир од Исланд.

Покрај тоа, генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија, Леонид Јандреоски, е именуван за член на Комисијата за медиуми и комуникации на ФИФА.

Оваа комисија има за цел да ги развива и унапредува стратешките насоки на ФИФА во областа на медиумите, дигиталната комуникација и односите со јавноста. Со Комисијата претседава Јасин Идрис Диало од Брег на Слоновата Коска, додека Армен Меликбекјан од Ерменија е заменик-претседател.

Меѓу членовите се и Фатма Ал Нуими од Катар, Ајишат Фалоде од Нигерија, Ноел Муни од Велс, Хелена Пиреш од Португалија, Аманда Вандерворд од САД и Тони Ванг од Тајван.

Именувањето на Масар Омерагиќ и Леонид Јандреоски претставува значајно признание за македонскиот фудбал и за Фудбалската федерација на Македонија, потврдувајќи го угледот и кредибилитетот на земјата во рамките на ФИФА.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено